Сите го тролаат Антони - место два европски трофеја, не освои ниеден

Бразилскиот репрезентативец Антони игра како препороден откако го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Бетис, но сепак оваа сезона ја заврши без поголем успех.

Не обезбеди пласман во Лигата на шампионите затоа што Бетис заврши на шестото место во Ла Лига, а синоќа му избега трофејот од Конференциската лига. Антони имаше шанса да влезе во историјата како прв фудбалер кој во една сезона триумфирал и во Лигата Европа и во Конференциската лига, но место то, не освои ниеден европски пехар затоа што Манчестер Јунајтед минатата недела загуби од Тотнем, а Бетис синоќа од Челси.

Бразилецот е предмет на сеир на социјалните мрежи поради тоа што остана со празни раце оваа сезона.

„Антони е првиот фудбалер кој во една сезона загубил во две европски финалиња“, се шегуваат навивачите на негова сметка.

Во моментов не се знае каде ќе игра тој идната сезона бидејќи позајмицата во Бетис му истече, а клубот нема пари да го откупи неговиот договор.