Британец одби да го стави среброто околу врат, зашто џабе се тренирало ако не е злато!

Иако нема спортист кој со чест не би примил било кој медал од едни ЛОИ, макар бил и фаворит, Британецот Бен Витакер одби да го стави сребрениот медал околу вратот на доделувањето на медалите после загубеното финале во бокс во полутешка категорија.

Витакер во финалето загуби од Кубанецот Арлен Лопез, па рингот го напушти со солзи, а плачеше и на доделувањето на медалите, на кои не го стави среброто околу вратот, туку само го држеше во рака, додека другите спортисти, меѓу кои и бронзените со гордост го имаа медалот на своите гради.

Причина што не го ставил среброто на врат било зашто не се тренирало за медал ако тој не е златен.

„Го изгубив златото и затоа не го сакам среброто во моментов. Сигурен сум дека за неколку години ќе сфатам за каков успех се работи, ама јас не освоив сребро, туку загубив злато. Никој не тренира за сребро или бронза, сите тренираат за злато“, вели Витакер.

Русинот Имам Катаев и Азербејџанецот Алфонсо Домингез беа освојувачки на бронза.