Сеча на фаворитите во Мадрид – двајца носители ептен рано си се спакуваа за дома!

Денешниот ден не беше баш пријатен за фаворитите на мастерс-турнирот во Мадрид, откако Александар Зверев загуби од Франциско Серундола (3-6, 4-6), а Хуберт Хуркач беше поразен и од Тејлор Фриц (6-7, 4-6) уште во осминафиналето.

Зверев денеска дефинитивно немаше свој ден, бидејќи делуваше прилично инфериорно на теренот. На Аргентинецот во двата сета му беше доволно да му одземе по еден гем на негов сервис и со тоа да се пласира во четвртфиналето на овој престижен турнир. Дуелот помеѓу Хуркач и Фриц беше малку повозбудлива, првиот сет беше решен дури по тај брејкот и се чинеше дека ќе има драма и во продолжението. Сепак, Фриц го одзеде сервисот на Хуркач уште на почетокот, а потоа играше мирно до самиот крај, што му овозможи да се најде меѓу осумте најдобри тенисери во Мадрид.

Овие двајца тенисери ќе играат меѓу себе за пласман во полуфиналето, меч закажан за утре.