Неверојатно: Одигра 107 минути за Манчестер сити, а освои 11 пехари!

Манчестер сити ја одбрани титулата во Премиерлигата, откако повторно заврши пред Арсенал, а интересно е тоа што ова ќе биде 11 пехар за искусниот голман Скот Карсон.

Карсон веќе четири сезони е во дресот на „граѓаните“, но одигра само 107 минути за премиерлигашот, а веќе освои 11 титули.

Пред да пристигне во Манчестер, Карсон бранеше за Дерби каунти, Виган, ВБА, Бурсаспор, Астон вила, Чарлтон и Ливерпул.