Ни победата не е доволна - навивачите на Фиорентина ги построија фудбалерите (ВИДЕО)

Фиорентина ја победи Аталанта со 3-2 во последниот меч од сезоната во Серија А, но и покрај тоа навивачите беа бесни на своите фудбалери.

Не е во прашање денешниот натпревар, туку поразот од Олимпијакос во финалето од Конференциската лига каде Фиорентина загуби втора година по ред. Поради тоа, веднаш по завршувањето на натпреварот, фудбалерите мораа да одат на „пеење“ кај навивачите кои им одржаа лекција како се бранат боите на клубот.

 

 

 Фиорентина ја заврши сезоната на осмото место во Серија А со 60 бода и идната сезона ќе настапува во Конференциската лига.