Ѓорѓиевски се претстави во Клуж со гол за победа против Слован Братислава!

Македонскиот фудбалер Марко Ѓорѓиевски дебитира за Клуж во пријателски меч против Слован Братислава (4-2) и се претстави во новиот тим со важен погодок.

Постолачи погоди за предност на Клуж од 1-0 во 11. минута, додека Толиќ по половина час стрелаше за 1-1. Само неколку минути подоцна Паун ја врати предноста за романскиот тим, а потоа Постолачи зголеми на 3-1.

Слован Братислава преку Стрелец од пенал намали на 2-3 и внесе возбуда во завршницата, но Ѓорѓиевски се запиша во листата на стрелци во 92. минута, со што ја запечати победата за неговиот тим.

Фото: Facebook/Fotbal Club CFR 1907 CLUJ