Атлетико Мадрид си оди дома, ПСЖ обезбеди осминафинале на клупското СП (ВИДЕО)

Францускиот и европски шампион ПСЖ триумфира со 2-0 против Сиетл саундерс и се пласира во осминафинале на Светското клупско првенство, додека Атлетико Мадрид успеа да слави со 1-0 против Ботафого, но тоа не му беше доволно за да се избори за нокаут-фазата.

Парижаните постигнаа по еден гол во двете полувремиња, и тоа најпрво Квича Кварацхелилја стрелаше во 35. минута од натпреварот, додека победата ја запечати Ашраф Хакими во вториот дел.

Атлетико Мадрид славеше со 1-0 против Ботафого, со погодокот на Антоан Гризман, но тоа не му беше доволно на шпанскиот гигант за да се пласира во следната фаза.

Фото: EPA PHOTO