Шпанија во луд меч со 11 голови ја совлада Германија на ЕП

Шпанската репрезентација до 19 години славеше со 6-5 во неверојатен натпревар против Германија во полуфиналето на Европското првенство (ЕП).

Германија поведе со голот на Моерштед во 28. минута од средбата, а само пет минути подоцна Шпанија пропушти шанса за израмнување преку Кордеро од пенал.

Во првите 15 минути од вториот дел беше мирно, по што Пабло Гарсија стрелаше за 1-1. Германија ја врати предноста преку Ел Мала во 78 минута, но потоа Гарсија со уште два погодоци направи целосен пресврт.

Голема драма се случуваше дури до деветтата минута од судиското надополнување кога Куенка со автогол ѝ овозможи на Германија да обезбеди продолженија.

Возбудливо беше и во продолженијата, каде што Маркез погоди за предност на Шпанија, а потоа Моерштед стрелаше двапати за целосен пресврт (5-4).

Шпанија повторно израмни на 5-5 во 113. минута преку Вирхили, додека Гарсија со четвртиот погодок ја запечати судбината на ривалот и ја однесе својата селекција во финале на ЕП.

Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)