Ужасна тепачка меѓу родители на турнир на Златибор – настрада дете со повреди на главата!

Наместо да биде промоција на детскиот спорт, фудбалскиот турнир кој е во тек на српскиот планински центар Златибор донесе инцидент од големи размери, откако се случи жестока тепачка помеѓу родителите на учесниците.

„Златибор куп“ собра момчиња родени помеѓу 2010 и 2017 година, а според сведоци проблемот го направиле родителите на децата од клубот Стар Аеродром од Подгорица и во на мечот против Инеграл од Москва. Се започнало кога рускиот тим дошол до водство на овој дуел, а потоа родителите на момчињата од црногорската престолнина почнале да ги удираат децата на рускиот тим со шишиња, а потоа го нападнале и судијата на натпреварот. Како резултат на тоа, 11-годишно момче завршило со повреди на главата здобиени за време на овој инцидент.

Според учесниците, подгоричкиот тим од претходно бил познат по проблеми на вакви турнири, бидејќи голем инцидент направиле и пред извесни време на сличен собир во Белград.