Медведев лесно до четвртфинале во Мадрид – сега чека на спектакл со Надал!

Рускиот тенисер, Данил Медведев, се пласираше во четврт-финалето на Мастерс турнирот во Мадрид, откако вечерва релативно лесно го совлада Казахстанецот Александар Бублик (7-6, 6-4).

Четвртиот тенисер во светот за сто минути ја реши дилемата наречена 18-та на АТП листата. Медведев со оваа победа стигна до најмалку четвртфиналето на сите девет мастерс турнири. Тој за пласман во полуфиналето ќе се бори со победникот од пресметката меѓу Рафаел Надал и Јиржи Лехечка.

Пласман во четврт-финалето обезбеди Русинот Андреј Рубљов, кој по 66 минути игра беше подобар од Холанѓанецот Талон Грикспор (6-2, 6-4), а следен ривал ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Јан Ленард Штруф.