МЗТ е на чекор до титулата, Пелистер повторно падна во Скопје!

МЗТ Скопје го доби и вториот меч против Пелистер во финалната серија од плејофот, металците овојпат славеа со 80-75 и дојда на триумф до одбрана на титулата.

Пелистер имаше фуриозен старт на мечот, создаде предност и од 14 поени разлика, беше 20-6 и 22-8. Тогаш МЗТ Скопје почна да ја топи предноста на битолчани, по првите 10 минути гостите имаа водство од 22-16.

Како финишираше првиот период, така продолжи вториот, МЗТ Скопје беше подобар, за кратко време го сврте резултатот и на одморот замина со предност од три поени, 46-43.

Во вториот дел домаќините дојдоа и до највисоки за нив 10 поени предност, Пелистер сѐ што успеа да направи е да се доближи на -3 во финишот од натпреварот, но немаше сили за брејк. Конечниот резултат беше 80-75 за МЗТ Скопје.

Танасковиќ во МЗТ Скопје беше најдобар со 16 поени и 12 скокови, Делалиќ реализираше 15 поени. Во составот на Пелистер Костоски постигна 17 поени.

Следниот натпревар од финалната серија се игра во Битола, доколку МЗТ победи ќе стане шампион.

Во истиот термин се играше и дуелот за третото место, Работнички го победи ТФТ со 96-68 и ја заврши сезоната како третопласиран.