Работнички ја доби битката за третото место
Во вториот меч од сезоната за бронзата против ТФТ, тимот од Градски парк славеше со 96-68 за конечни 2-0, но прашање е дали тоа ќе ја покрие сезоната без трофеј. Работнички доминираше безмалку цел натпревар, со исклучок на првата четвртина
Стојан Ѓуроски со 22 поена беше најефикасен во тимот на Работнички, а уште четворица кошаркари имаа двоцифрен ефект. Верц со 14 поени беше прв стрелец на ТФТ.