Ѓорческа поразена во првото коло од квалификациите за „Ролан Гарос“

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за „Ролан Гарос“.

Во првото коло, таа загуби од Марго Рувруа од Франција со 1-2 (2-6, 7-5, 4-6) во меч во кој не успеа да воспостави контрола врз својот сервис и тоа беше главна причина за поразот. Од вкупно 14 гема на нејзин сервис, Ѓорческа освои само пет, во првиот сет ги загуби сите четири, а во последниот гем, првите два по што на Рувруа не и беше тешко да ја задржи предноста и да триумфира. На втор сервис, нашата тенисерка освои само 15% од поените и направи 10 двојни грешки.

За Ѓорческа ова беше прв настап на „Ролан Гарос“ по пауза од седум години, а квалификациите во Париз ѝ беа втори годинава за еден Гренд слем турнир откако настапи и во Мелбурн.