Стојановиќ го објави списокот со ракометари за дуелите со Словенија

Селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објави списокот со ракометари за пријателските натпревари против Словенија.

Собирот на младинските ракометари е закажан за 7 мај, вторник, со почеток од 9.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварите меѓу Македонија и Словенија ќе се играат на 10 мај од 18 часот и 11 мај од 10.30 часот.