Поранешен македонски репрезентативец пред договор со Партизан

Освојувачот на Купот на Србија има големи амбиции за идната сезона, а во плановите влегува и еден поранешен македонски репрезентативец.

Станува збор за Бојан Маџовски кој игра на позицијата лево крило и е некогашен играч на Металург и Пелистер и учесник на европските првенства во 2020 и 2022 година. Оваа сезона тој ја почна во црногорскиот прволигаш Ловќен, но на почетокот од 2024 година си замина оттаму што е добра вест за Партизан затоа што за него нема да мора да плаќа отштета како што е тоа случајот со останатите ракометари за кои е заинтересиран.

„Црно-белите“ со години се обидуваат да направат респектабилен тим и да ја симнат Војводина од тронот во српскиот ракомет. Информациите оттаму велат дека буџетот за идната сезона ќе биде двојно поголем, а покрај Маџовски, цел се уште неколку квалитетни играчи од регионот и пошироко.