Голем гест: Турам преку инстаграм бара навивач на кој сака да му даде дрес! (ФОТО)

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам сака да му даде дрес на навивач кој на дрес од Лукаку го стави неговото име.

Францускиот напаѓач кога дојде во Интер го зема дресот со број 9 кој претходно го носеше Ромелу Лукаку.

На прославата за Скудетото на Интер се појави навивач облечен во дрес на нероазурите од сезоната 2019-2020. Тој го имаше покриено презимето на Лукаку, со натпис Турам и две ѕвезди на него.

Турам преку својот инстаграм профил ги повика навивачите да го шеруваат неговиот пост со цел да го најде навивачот и да му подари нов дрес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marcus Thuram (@thuram)