Изненадувачки пораз и кај дамите на мастерсот во Мадрид – испадна третата носителка!

Американската тенисерка, Медисон Кис, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мадрид, откако вечерва во осминафиналето ја совлада сонародничката Коко Гоф (7-6, 4-6, 6-4), која беше трета фаворитка за освојување на драгоцениот трофеј.

Пресметката траеше два ипол часа, со триумф на аутсајдерката Кис, која е 20. тенисерка во светот, додека Гоф е трета. Ова беше нивни петти досегашен меѓусебен дуел и трета победа за Кис, која во четвртфиналето ќе игра против Унс Џабир од Тунис, која, пак, беше подобра од Летонката Јелена Остапенко (6-0, 6-4).

Во четвртфиналето се пласираше и најдобрата светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек, која претходно денеска ја прегази Сара Сорибес Тормо од Шпанија (6-1, 6-0). Полјакот во четвртфиналето Таа за место во полуфиналето ќе игра со Бразилката Беатриз Хадад Маја.

ВТА турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 7.679.965 евра.