Наследници на три кошаркарски легенди меѓу добитниците на стипендија од АМС!

Комисијата во состав Тодор Гечевски, Александар Тодоров и Мирко Ивановски денеска, во име на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), ги одбраа најталентираните 35 кошаркар(к)и на возраст до 20 години, кои ќе добијат стипендија „Спортска надеж“ од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Меѓу најдобро рангираните се и наследниците на три големи македонски кошаркарски легенди, кои се можеби и најголемите надежи на макбаскетот за враќање на највисока европска сцена во следните години. Рубин Стефанов, Тео Војновиќ и Теодор Симиќ се секако најпознатите имиња на списокот, најмногу поради несомнениот талент со кој располагаат и поради кој веќе се носители во соодветните според возраста национални селекции, а делумно и како синови на поранешните репрезентативци Врбица Стефанов, Ѓорѓе Војновиќ и Тони Симиќ.

Меѓу добитниците има 20 кошаркари и 15 кошаркарки, меѓу кои се двете нови интернационалки во италијанската Серија А, Матеа Атанасовска и Елена Тасевска, кои ќе играат за прволигашот Вигарано. На списокот е веќе сениорскиот репрезентативец, Марко Миловановиќ, како и Марија Димитријевиќ, сестра на најдобриот македонски кошаркар за 2019 година, Ненад Димитријевиќ.

РАНГ ЛИСТА НА КФСМ НА ПРЕДЛОЖЕНИ МЛАДИ СПОРТИСТИ ДО 20 ГОДИНИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СПОРТСКА КАТЕГОРИЈА – „СПОРТИСТ СПОРТСКА НАДЕЖ“: Рубин Стефанов, Teо Војновиќ, Ристе Буклишев, Бојан Величковски, Теодор Симиќ, Андреј Митревски, Филип Наков, Виктор Стојковски, Резарт Мемед, Амар Хот, Павел Данаиловски, Лука Савичевиќ, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски, Марко Величковски, Богдан Мирковски, Петар Бошалевски, Петар Башовски, Ненад Благоевски, Андреј Шошкиќ, Марија Николов, Матеа Николиќ, Илина Селцова, Наталија Секуловска, Стефани Колева, Матеа Атанасовска, Теона Поп Стојанова, Елена Тасевска, Габриела Модева, Марија Димитријевиќ, Тамара Гилева, Михаела Алексовска, Ксенија Петревска, Елиана Христи Граматикова, Милица Николиќ.