Снајдер: Тен Хаг ја изгуби сета почит кога влезе во битка со Роналдо - сите се чудеа!

Холандската фудбалска легенда, Весли Снајдер смета дека работите тргнале на лошо за Ерик Тен Хаг кога тој влегол во дуел со Кристијано Роналдо.

Според Снајдер, клучниот потег на Тен Хаг кој му го разнишал имиџот во соблекувалната е неговиот лош однос со Роналдо.

„Да ви кажам каде тргна на лошо за Ерик тен Хаг? На денот кога одлучи да влезе во битка со Кристијано Роналдо. Тогаш почна да ја губи сета почит. Тој мислеше дека тоа ќе излезе добро за него, но се случи спротивното. Сите во соблекувалната се чуделе дали е добар во главата што го прави тоа“, рече Снајдер.