Дабл-дабл на Димитријевиќ, Уникс на чекор до финале!

Ненад Димитријевиќ беше главен во победата на Уникс Казан против Локомотив Кубан од 81-78 со која поведоа со 3-2 во полуфиналната серија.

Македонецот беше главен во победата, постигна 22 поени, имаше 10 асистенција, четири скокови и една украдена топка.

Димитријевиќ повторно беше клучен во финишот со тројка и погодени слободни фрлања му ја донесе победата на Уникс.

Со овој триумф Уникс дојде до водство од 3-2 во полуфиналето и потребна му е уште една победа за пласман во големото финале од ВТБ лигата.