Скандал во Црна Гора: Навивачите на Будуќност и Сутјеска се гаѓаа со столици, сите ја обвинуваат полицијата (ВИДЕО)
Гостинските фанови „Варвари“ влетаа на теренот низ службениот влез кој бил отворен, почнале да ги провоцираат домашните приврзаници со кои влегоа во конфликт, а потоа следувала реакција на „Војводи“ и гаѓање со столици. На сето тоа, конечно, интервенирала полицијата која спречила поголема белја.
Судиите го прекинале натпреварот, планот бил да се продолжи пред празни трибини, но таа опција брзо отпаднала, бидејќи Сутјеска одбила да игра без поддршка од трибините. Во моментот на прекинот, резултатот бил 36-26 за Будуќност.
Од двата клуба имаат големи замерки на бавната и доцна реакција на полицијата и побараа истрага од Министерството за внатрешни работи.