Халанд стана лик во видеоигра! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стана лик со кој може да се игра на видеоиграта „Clash of Clans“.

Играчите на „Clash of Clans“ ќе можат да го изберат норвешкиот напаѓач во играта.

Халанд повеќе од десет години ја играл оваа игра и ги контактирал „Суперсел“, финските програмери кои стојат зад оваа популарна игра за мобилен телефон.

„Кога слушнавме дека Ерлинг Халанд е фан на нашата игра и сака да ни биде партнер, тоа беше сценариот од соништата“, рече Стјуарт Мекгав, генералниот директор на „Clash of Clans“.

Халанд имал десет години кога првпат ја играл играта, а тоа го прави и денеска.

„Долго време сум фан на оваа игра и знам сѐ за неа, навистина е кул што ќе се појавам како лик во игра“, рече Халанд.