Леброн избега од прес-конференција поради незгодно прашање (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс беа елиминирани во плејофот од НБА-лигата од Денвер нагетс со 1-4, а минатата ноќ пред новинарите се појави Леброн Џејмс.

Џејмс доби незгодно прашање од новинарите, па реши да ја напушти прес-конференцијата, откако кажа дека нема да даде одговор.

Прашањето кое го налути „кралот“ беше за неговата иднина, односно дали го одиграл последниот меч во дресот на Лејкерс.

„Нема да ви одговорам на тоа прашање“, кажа Џејмс и замина од прес-конференцијата.