Џорџ се „прошета“ до кошот, а судијата остана - мртов ладен (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс триумфираа на домашен паркет против Мемфис гризлис со 124-97, но во центар на внимание е Пол Џорџ, кој на самиот старт на мечот тргна во контра, а пред да постигне поени, тој направи очигледно чекори, но судиите не реагираа.

Џорџ се „прошета“ со топката по паркетот и направи најмалку  пет чекори, а потоа успеа да забие, но судиите не го поништија неговиот кош.