Нант го шокираше Марсеј на „Велодром“

Олимпик Марсеј до денешниот дуел имаше три победи по ред, но сепак на „Велодром“ беа изненадени од Нант и тоа непријатно бидејќи загубија со 1-3.

Нант поведе преку Лимбомбе во 34.минута, по што Сансон израмни на 1-1 пет минути подоцна. Сепак, гостите се радуваа на трите бода благодарение на погодокот на Бамба во 53. минута и автоголот на Алваро во 91. минута.

Марсеј останува второпласиран на табелата со 52 бодови, односно 10 помалку од ПСЖ.