Гранада потклекна: Реал Сосиедад се израмни со Реал Мадрид и Барселона (ВИДЕО)

Гранада загуби на домашен терен со 1-2 од Реал Сосиедад во рамки на 12.коло во Ла Лига и испушти добра шанса да избие на врвот на табелата. 

Гостите поведоа со голот на Порту во 21-та минута. Алваро Вадилјо донесе израмнување за домашниот тим во 36-тата минута. Победничкиот гол за Сосиедад повторно беше дело на Порту на една минута до крајот на регуларниот дел од натпреварот. 

Ова беше втор пораз по ред за Гранада, па гостите од Сан Себастијан со трите бода се израмнија на врвот на табелата со Реал Мадрид и Барселона со по 22 бода, но двата гиганти имаат натпревар помалку. Гранада сега е шеста на табелата со 20 бодови.