„Делии“ го пречекаа човекот кој го пцуеше Алиоски со - факели и подарок! (ВИДЕО)

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој пред четири години го пцуеше Езгјан Алиоски на Европското првенство (ЕП) денеска пристигна во Белград каде што ќе биде промовиран како ново засилување на Црвена Звезда.

„Делии“ го пречекаа Арнаутовиќ на аеродромот „Никола Тесла“ со факели и песна, а имаа и подарок за искусниот фудбалер. Тој си доби маичка со натпис „делии“ и веднаш ја облече.

Аранутовиќ ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на српската Суперлига, односно ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, со тоа што ќе потпише договор на две години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)

Фото: EPA PHOTO