Исланѓанец што лани го растури Вардар е нов играч на Алкалоид

Исландското десно крило Улфар Пал Монси Тордарсон е нов играч на македонскиот прволигаш Алкалоид и денеска ги почна подготовките со тимот од Аеродром.

Станува збор за 25-годишен ракометар коој последните две сезони ги помина во Валур и со овој тим учествуваше во ЕХФ Европската лига. Во лошо сеќавање му остана на Вардар бидејќи на меѓусебниот дуел од меѓународното натпреварување, одигран на Исланд, постигна 11 гола од вкупно 32 колку што имаше цела сезона.

Покрај тоа што се засили со Тордарсон, Алкалоид денеска ја објави разделбата со тројца ракометари. Од Автокоманда си заминуваат Арно Бинго и Михајло Младеновиќ, додека Костадин Петров се сели во вториот тим Мулти Есенс каде треба да се рехабилитира по долгата пауза поради повреда.