
Нова ужасна смрт на спортист: Талентиран шпански мотоциклист загина на тренинг!
Инцидентот се случил додека Шпанецот се подготвувал за претстојната трка од ФИМ Јуниор Гран при шампионатот. По падот, во кој бил исфрлен од моторот, тој итно бил пренесен во болница во Сарагоса и подложен на итна операција. За жал, лекарите не успеале да го спасат неговиот живот и тој починал денеска.
Алсина сезонава ја имаше својата дебитантска година во Јуниор ГП со тимот на „Естрела Галиција“. По четири трки, се наоѓаше на 13. место во генералниот пласман, а најдобар резултат му беше осмото место во Херез. Претходната година се истакна со одлични настапи во Европскиот Талент Куп како дел од тимот „Артбокс“. Младиот возач отворено зборуваше за својата амбиција – до 2030 година да вози во МотоГП и да ги следи чекорите на својот херој, Марк Маркез.
Ова е уште една ужасна смрт на спортист, по трагедијата исто така во Шпанија во која во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат, Андре Силва.
ФОТО: GPONE.COM