
Судиите Николов и Начевски добија наследници на теренот – со исти презимиња!
Станува збор за нивните синови, Драган Начевски и Матеј Николов, кои не само што тргнаа по нивните стапки туку и се решија правдата на ракометните трени да ја делат заедно, како своите татковци.
Јуниорскиот тандем од прославените судиски семејства деновиве го имаат своето официјално меѓународно деби, како делители на правдата на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.