
Алкалоид означи почетокот на подготовките за новата сезона (ФОТО)
Иако постои само четири години, клубот од Автокоманда веќе има три трофеи во своите витрини, по еден во Купот и Суперкупот на Македонија и оној меѓународниот, освоен последната сезона. На денешната прозивка присуствуваше и Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов кој им посака на ракометарите успешна сезона исполнета со здравје, тимска сплотеност и со врвни натпреварувачки достигнувања.
Подготовките на Ракометниот клуб Алкалоид во првата фаза ќе се реализираат во Скопје, па ќе продолжат во Маврово. Потоа се заминува на мини турнеја во Србија и Хрватска каде се планирани осум пријателски натпревари со ривали од Србија, Хрватска и Словенија.
Во однос на минатата сезона, од Алкалоид си заминаа Благојче Трајковски, Франсиско Оливеира Силва, Арно Бинго, Михајло Младеновиќ, Костадин Петров и Давид Савревски, а нови играчи се Улфар Пал Монси Тордарсон, Ѓорѓи Николовски, Давид Трајковски, Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Михаил Ивановски, Ненад Костески и Михаил Аларов. Базата повторно ќе ја сочинуваат македонски ракометари, странци се само Исланѓанецот, Тордарсон и Србинот, Борзаш.