
Газдата на ривалот на Шкендија безобразно самоуверен: Ќе ги растуриме – не се на наше ниво!
Во случај да го мине тимот од Тетово, романскиот првак ќе се соочи со подобриот од двомечот меѓу Шелбурн од Ирска и Карабах од Азербејџан. Бекали, во изјава за романскиот медиум „Фанатик“, најави дека очекува Карабах да биде следниот противник и дека ФЦСБ ќе го совлада и него.
„Според мене, ова е идеална ждрепка. Веќе ги гледам како елиминирани. Ако не можете да го победите Карабах, тогаш немате што да барате во Лигата на шампионите. Тие не се на нашето ниво – ослабени се, немаат ритам, а лигата им почнува дури во август. Ќе ги победиме убедливо, 2:0 или 3:0 дома. Плејофот ќе биде покомплициран, но до таму ќе стигнеме сигурно“, изјави Бекали.
Првиот дуел од двомечот меѓу Шкендија и ФЦСБ (20 часот) е закажан за утре на скопската арена „Тодор Проески“.