Нова трагедија на патеките: Загина 17-годишен мотоциклист

Само 18 дена откако Борха Гомес загина на патеката Мањикур, од повреди здобиени по пад од мотор истата судбина ја доживеа и 17-годишниот Шпанец, Пау Алсина.

Еден од најголемите таленти на шпанската школа на мотоциклизам по инцидентот бил превезен во најблиската болница каде по итна постапка бил опериран, но неговото тело не успеало да се избори со тешките повреди.

Момчето, родено во јануари 2008 година, неодамна доби ангажман во тимот Естреља Галиција, како резултат на претходните успеси во шпанскиот Мото 4 шампионат. Со мотоцикли се дружел од свои три години, а на шестгодишна возраст правел акробации на патеките за мотокрос поради што стручњаците му предвидувале блескава иднина во овој спорт.