Де Хеа се присети на фамозната „афера факс“: На крајот на кариерата ќе кажам што се случи со Реал

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа се присети на ситуацијата која ја имаше со Реал пред една деценија.

„Кралевите“ тогаш силно го посакуваа во своите редови, ја платија откупната клаузула, но трансферот пропадна во последен момент, на истекот од преодниот рок. Од Јунајтед тогаш се правдаа дека се расипал факсот и не можеле да ги испратат документите за својот фудбалер, но речиси никој не верува во тоа образложение.

„На крајот од мојата кариера, ќе кажам што се случи тој ден. Мислам дека сето тоа беше со причина, останав во Јунајтед и бев многу среќен“, најави Де Хеа.

И покрај тоа што се чувствувал добро на Олд Трафорд, Шпанецот немаше убава разделба со Јунајтед кој буквално се откажа од него и го остави без договор. Поради тоа Де Хеа паузираше една година за лани да се врати во тимот на Фиорентина со која неодамна го продолжи договорот до 2028 година.