Ристовски и Елези ги дознаа можните ривали во третото коло од Конференциската лига

Сараево во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе се соочи против Универзитатеа Крајова од Романија, а со победа би излегол на мегдан против Хибернианс од Малта или Спартак Трнава од Словачка.

За екипата од Босна и Херцеговина играат македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон елези, додека Крсте Велкоски ја има улогата на технички директор.

Првите натпревари се играат на 7 август, додека реваншите се закажани на 14 август во Конференциската лига на УЕФА.

Фото: Facebook/FK Sarajevo