Драма во Турција: Трабзонспор му го плати летот, а тој не се појави на аеродром!

Трабзонспор ова лето ангажира неколку квалитетни фудбалери, а едно од засилувањата требаше да биде Саул Нигез, но ситуацијата драстично се промени.

Турскиот гигант му го плати летот на Саул, меѓутоа искусниот фудбалер не се појави на аеродром и се откажа од трансферот во Трабзонспор.

Саул требаше да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор, меѓутоа се случи неочекуван пресврт.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Саул се откажал од трансферот поради неговото семејство, но повеќе детали засега не се откриваат.