Одиш во маркет и го среќаваш - Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Најуспешниот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ вчера го откажа својот настап на претстојниот Мастерс во Торонто, а по Вимблдон, батериите ги полни во својата база на црногорското крајбрежје.

Српскиот ас многу пати досега покажал дека е обичен човек кој не се крие од народот, туку сака слободно да шета и да се дружи. Така е и во Црна Гора каде се чувствува како домаќин и често е во друштво на тамошните жители.

За нив затоа тоа не е чудно, но секако е изненадување за туристите кога ќе видат како најдобриот тенисер на сите времиња нормално си пазари во маркет. Тешко дека во ваква ситуација некогаш ќе може да се види Леброн Џејмс или Лионел Меси.