Вардар ќе игра против Молдавци или Казахстанци доколку ја помине Лозана!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска на ждрепката за третото квалификациско коло во Конференциската лига ги дозна потенцијалните противници, а тоа се Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан

Вардар ќе се соочи со Лозана во второто квалификациско коло, а доколку успее да слави против швајцарскиот тим, тогаш ќе игра против победникот од дуелот меѓу Зимбру и Астана.

Астана ќе биде апсолутен фаворит против Зимбру бидејќи веќе две сезони по ред игра во групната фаза на третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Воведните натпревари од третото квалификациско коло се играат на 7 август, а една недела подоцна се реваншите во Конференциската лига.