Ако испадне во Лига Европа: Шкендија ќе оди во Данска или Косово

Македонскиот шампион Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се соочи против ФЦСБ, а денеска ги дозна потенцијалните ривали доколку испадне во Лига Европа.

Шкендија со елиминација од ЛШ би продолжила во второто по ранг натпреварување на УЕФА, а како можни противници ги доби Копенхаген од Данска и Дрита од Косово.

Првите натпревари од третото квалификациско коло во Лига Европа се играат на 7 август, а реваншите се една недела подоцна.