
Крос: Не можеш да играш до 40 години, заминав пред да ме преселат на клупа
Крос откри дека неколку месеци размислувал пред да ја донесе конечната одлука. Тој смета дека фудбалер треба да се повлече пред да заврши на клупата за резерви.
„Најдобро е да се повлечеш кога си најдобар. Заминуваш со прекрасни спомени. Пред некој да ме пресели на клупата затоа што не сум бил доволно добар или важен за тимот“, кажа Крос.
Германецот во кариерата играше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Реал Мадрид.