Доколку го елиминира ФЦСБ, Шкендија ја чека уште потешка задача во ЛШ

Денеска се одржа ждрепката за третото квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ), при што македонскиот шампион Шкендија дозна дека го чека уште потешка задача ако успее претходно да го елиминира ФЦСБ.

Доколку го „нокаутира“ романскиот претставник, Шкендија ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Шелбурн од Ирска и Карабах од Азербејџан.

Првите натпревари од третото квалификациско коло се закажани за 5 и 6 август, додека реваншите се на 12 август.