Тричковски сам го понижи Левски: Четири голови на Македонецот сред Софија (ВИДЕО)

Иван Тричковски го одигра натпреварот на кариерата откако ги постигна сите четири голови за АЕК Ларнака во победата од 4-0 на гостувањето кај Левски Софија во рамки на реванш натпреварот од 2.коло во Лигата на Европа. 

Македонскиот репрезентативец беше незадржлив за Бугарите, кои можеа само да уживаат во мајсториите.

АЕК Ларнака со вкупни 7-0 се пласира во третото квалификациско коло, бидејќи на домашен терен славеше исто така убедливо со 3-0.