„Бомба“ на Тричковски: Втор гол на Македонецот против Левски (ВИДЕО)

Иван Тричковски најпрво погоди од пенал во осмата минута за да му донесе водство на АЕК Ларнака од 1-0 на гостувањето кај Левски Софија во рамки на реванш натпреварот од 2.коло во Лигата на Европа. 

Вториот гол го постигна од игра по една брза контра на Кипраните и ја заби топката во мрежата на бугарскиот тим. 

Кипарскиот тим има предност и од 3-0 по првиот натпревар, па сега на Бугарите ќе им треба чудо за да направат пресврт и да се пласираат во следното коло.