Французите го распнаа Кавани зошто ја сменил капитенската лента (ФОТО)

Уругвајската ѕвезда Единсон Кавани се најде на жестока рафална стрелба од француската јавност и медиумите од бизарна прична – не сакал да го одбележи денот за борба против хомофобијата во фудбалот.

Кавани како капитен го предводеше ПСЖ на синоќешниот меч со Дижон (4-0) и носеше капитенска лента во боите на виножитото, симболот на ЛГБТ-заедницата. И Кавани потоа таа лента ја немаше, како што го почна мечот, туку носеше нормална со логото на парискиот гигант.

Сето тоа беше доволно за да му се нафрлат медиумите и јавноста дека е – хомофоб.

Вака почна Кавани со виножитото на рака...

а вака заврши, со нормалната капитенска лента.