Агаси: Милион пати да играм против Роже, Рафа и Ноле нема да ги победам - ниту еднаш!

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси изјави дека во моментов ако е актуелен тенисер никогаш нема да ги победи Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, па макар и милион години да игра против нив.

Агаси не го криеше воодушевувањето од подготвеноста на најдобрите тројца тенисери на денешницата, кои се на првите три места по бројот на освоени гренслем трофеи. Води Федерер со 20, пред Надал со 17, а Ѓоковиќ по УС-опен дојде на 14 и се израмни со Пит сампрас.

„Дали сте ги виделе како го удираат топчето од основна линија. Јас против нив би можел да играм максимум десет минути и потоа ќе морам да си излезам. Јас оваа група на момци, која ја сочинуваат Роже, Рафа и Ноле не би ја победил ниту за милион години. Мојата најдобра физичка подготовка не би можела да се спореди со сегашната нивна. Но, во ред, јас сум помирен со тоа“, рекол Агаси за „Ел Паис“