Ракометарките со една нога во полуфинале на Медитеранските игри!

Македонските ракометарки, засега, се најпозитивните екипни наши претставници на Медитеранските игри во Тарагона. Забележаа победа и во вториот натпревар и тоа против Србија, со што дојдоа на дофат до полуфиналето.

Македонија ја победи Србија со убедливи 28-21 и дојде до шест бода, на второто место во групата Б, па само тешко остварлива теорија може да ја симне оттаму и од патот до полуфиналето.

Уште посигурни од првата победа, со Турција (31-26), избраничките на Симе Симовски покажаа карактер, добивајќи го првиот дел со 16-13, а потоа со уште поцврста игра доминираа и во вториот.

Сега ни следи мечот со Црна Гора (утре 12.00), која е прва и најубедлива во нашата група, со девет бода. Ако Србинките дошле во Тарагона со помлад и понеискусен состав, Црногорките имаат екипа досега гази пред себе со двоцифрена разлика, така што ќе биде тешко да се продолжи победничката низа.

Дури и да е така, Македонија во последното коло, против Египет, теоретски и со бод ќе обезбеди полуфинале.