Несторовски и Трајковски нема да играат во Серија А!
Нашите интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски се обидоа да му помогнат на својот тим и да обезбедат пласман во најсилната италијанската лига, но им одговараше само реми или победа.
Рафаело Мајело го реши натпреварот во 52. минута откако погоди за 1-0, а по 12 минути Палермо доби и црвен картон, по што мораше да го продолжи дуелот со играч помалку. Иако гостинската екипа имаше шанси, сепак во 96. минута Камило Сијано го реши дуелот, кога стрелаше за 2-0.
Несторовски го одигра целиот натпревар, додека Трајковски влезе во игра во 77. минута, но за жал не успеаа да ја затресат противничката мрежа и да се вратат во Серија А.