Ниту најдоброто од Џејмс не помогна: Бостон води со 2-0 против Кливленд (ВИДЕО)

Кливленд беше далеку подобар во вториот натпревар од финалето на Источната конференција, но ниту тоа не беше доволно за брејк во Бостон, кој ја задржа предноста на домашен терен и поведе со 2-0 благодарение на победата од 107-94.

Селтикс во третиот период се вратија, откако претходно имаа и двоцифрена негатива и покажаа дека се зрел тим за големи нешта, иако играат без двете први ѕвезди Кајри Ирвинг и Гордон Хејворд.

Леброн Џејмс постигна 42 поени, а придодаде и 10 скока и 12 асистенции, но кога и еден ваков трипл-дабл ефект е недоволен, јасно е каков натпревар одиграле домашните кошаркари. Тимската игра повторно ги красеше Селтик, кои имаа дури шесторица кошаркари со двоцифрене ефект во нападот, а најефикасен беше Џејлен Браун со 23 поени. 

Сега серијата се сели во Кливленд, каде се играат следните два натпревари.