„Ако Винисиус го напуштеше теренот, сите во Реал ќе го напуштевме“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Аребелоа му дава голема поддршка на Винисиус Жуниор по наводните навреди во Лисабон на расна основа.

Можеби не може да се докаже и никогаш нема да се докаже што точно му рече Престијани на Винисиус, но грото од фудбалскиот свет му верува на Бразилецот.

Винисус повторно беше жртва на расизам, а еден од оние кои најмногу го бранат е неговиот тренер, Алваро Арбелоа.

„Не можам ни да замислам низ што минува Винисиус, јас не би можел да се справам со тоа. Сум бил навредуван, но не поради бојата на кожата“, вели Арбелоа.

„Доколку Винисиус одлучеше да го напушти теренот поради расизам, сите ние во Реал Мадрид ќе се повлечевме заедно со него“.

„Ништо, апсолутно ништо не може да оправда расизам“.