Пелистер немаше милост за Куманово, Радивојевиќ даде 14 голови!
Пелистерци како да го истурија бесот врз Куманово по поразот од Висла. Немаа милост за денешниот противник и буквално го понижија.
Победникот на овој меч се знаеше однапред, но и најмалите надежи на кумановци, доколку воопшто постоеја, беа уништени во првото полувреме кога Пелистер водеше со 22-10.
Во вториот дел домаќинот постигна само девет погодоци, а Пелистер продолжи да полни во исто темпо до конечни 43-21.
Убедливо најдобар на теренот беше Богдан Радивојевиќ кој постигна 14 погодоци, одличен беше и Павле Атанасијевиќ со осум гола од исто толку обиди. Во составот на Куманово најдобар беше Христијан Вујицевски со шест голови.
Ова коло е и последното од регуларниот дел на сезоната, почнува плејоф-фазата.